Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ли Шарп, застана во одбрана на Пол Погба, велејќи дека Французинот би можел да стане легенда на клубот од „Олд Трафорд“.
Трикратниот шампион во Премиерлигата со Манчестер Јунајтед во изјава за goal.com изјави дека се уште верува дека Погба е играч од светска класа и дека се уште го нема кажано последниот збор во дресот на „Црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Посакувам клубот да го задржи. Мислам дека може да стане апсолутна легенда на Јунајтед. Тој е од светска класа, иако понекогаш не ги игра сите 90 минути. Ако се создаде тим околу него и донесат играчи кои би можеле да играат со него, тој би можел да биде вистинска сензација за клубот.“ – изјави Шарп.
Веќе долго време медиумите на Островот шпекулираат за заминувањето на Французинот од „Олд Трафорд“, но Шарп верува дека тој не е причината за лошата атмосфера во соблекувалната.
“Прашањето е дали Пол сака да остане во Јунајтед, но мислам дека тој нема лошо влијание врз тимот. Сепак, ако е несреќен и сака да си замине, тогаш не можете ништо да направите.“ – додаде тој.