Дома Фудбал Останато Погба и Микхтаријан го доведоа Јунајтед во Скопје!

Погба и Микхтаријан го доведоа Јунајтед во Скопје!

Денес со почеток од 20:45 часот  се одигра финалето од Лигата на Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот започна мирно без шанси, но веќе во првата прилика „црвените ѓаволија“ успеаа да погодоат. Пол Погба шутираше од далечина, топката погоди еден од дефанзивеците на холандскиот гигант го измени правецот и заврши зад грбот на Онана.

После голот, тимот на Мурињо го контролираше текот на натпреварот, но на полувреме се замина со единствениот погодок кој како што споменавме беше дело на Погба.

Во вториот дел Јунајтед имаше среќа да погоди веќе во првата посериозна прилика. Хенрик Микхтаријан одлично се снајде во шеснаесетникот на холанѓаните после еден корнер во 48 минута од натпреварот.

До крајот анлискиот клуб не дозволи изненадувања, искусно ја контролираше средбата, па со победа од 2:0 стигнаа до трофејот во Лигата на Европа.

Михтарјан 48′
Ајакс – Манчестер Јунајтед 0:2

Пол Погба 18′
Ајакс – Манчестер Јунајтед 0:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан му украде засилување на Але́гри и плати 55 милиони!

Во Милан дефинитивно дуваат други ветришта и раководството на клубот не жали пари да стигн…