Дома Фудбал Англија „Погба е заедно со Пјаниќ и Модриќ најдобар на светот“

„Погба е заедно со Пјаниќ и Модриќ најдобар на светот“

Пред дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус дефанзивецот на „старата дама“, Бонучи особено го пофали својот поранешен соиграч Пол Погба.

Бонучи се радува на новата средба со Погба и нема дилема дека тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Разговарав со Погба пред седум дена и му реков да не чека во Манчестер. Ќе ми биде многу драго да го видам повторно, но ќе мора да бидеме внимателни бидејќи нема да биде лесен натпревар“, истакна Бонучи.

„Погба е еден од најдобрите играчи за врска во светот заедно со Модриќ и Пјаниќ. Играв со него и ги знам неговите квалитети. Му посакувам се најдобро, но не на утрешниот натпревар. Утре сакам да го победам“, заклули Италијанециот.

Бонучи потоа откри дека ова лето имал понуда од Манчестер Јунајтед, но ја одбил за да се пресели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо стана косопственик на шпански фудбалски клуб!

Oткако две децении во кои доминира на светската фудбалска сцена како играч, Кристијано Рон…