Дома Фудбал Останато Погба доби интересна порака од играчот на Јувентус, дали ова значи враќање на Французинот во Торино?

Погба доби интересна порака од играчот на Јувентус, дали ова значи враќање на Французинот во Торино?

Јувентус и Јунајтед повторно ќе ги одмерат силите. Овој пат, домаќин ќе биде италијанскиот тим, а домаќините се надеваат на сличен резултат од Манчестер.

Погба се враќа на местото каде што се прослави, а веќе доволно комплицирана е ситуацијата околу неговата кариера во Манчестер, Мехди Бенатија успеа уште повеќе да ја закомплицира, или можеби да ги реши сите мистерии?

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Се споменува дека Погба би можел да го напушти Јунајтед. Разни опции се во игра, а помеѓу останатото е и враќање во Јувентус. Навивачите се поделени, има и такви кои би сакале да го видат повторно во овој дрес, но јасно е дека клубот од Торино мора да издвои огромни пари за да го доведе повторно Погба.

Погба стави слика на Инстаграм и напиша „Емотивно враќање во Торино“, а дефанзивецот на Јувентус, Бенатија напиша коментар: „Врати се дома, брате“.

Ова сепак не е обично добредојде, повеќе звучи како повик. Дали со оваа порака 31-годишниот дефанзивец сака нешто да каже?

„Добро ми е во Јунајтед. Јас сум под договор со овој тим и сакам да победувам во овој дрес, но во иднина никогаш не знаете што ќе се случи“, изјави Погба на прашањето дали би се вратил во Јувентус и дополнително ја загреа оваа ситуација.

 

 

View this post on Instagram

 

? the emotional pogback to Torino @manchesterunited #championsleague

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тен Хаг го блокира трансферот на својот играч: Не ме интересира што вели агентот, трансферот не доаѓа во предвид

ГРАНИТ ЏАКА е заинтересиран за трансфер во Сандерленд, но ако учеството на тренерот на Бае…