Дома Фудбал Германија Повреда поради која имаше и солзи на теренот: На стартот на сезоната повреда на Коман

Повреда поради која имаше и солзи на теренот: На стартот на сезоната повреда на Коман

Започна како стартер, најавен е како носител на играта на Баерн во текот на целата сезона, но доживеа голем бродолом на мечот со Хофенхајм. Офанзивниот играч за врска на минхенскиот клуб, Кингсли Коман доживеа непријатна повреда на левиот зглоб, поради што ќе изостане неколку недели од теренот.

Французинот се повреди во последните моменти од првото полувреме, а повредата не изгледаше ниту малку пријатно, сведочеше за тоа и реакцијата на Џошуа Кимих, кој многу емотивно го доживеа тој момент.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Речиси солзи ми дојдоа на очи кога го видов Кингсли како лежи на тревата“, истакна Кимих за новинарите по мечот.

Коман сега го очекува период на мирување, со оглед на тоа дека дошло до пукање на лигаментите, па одреден период ќе мора да функционира со штаки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…