Дома Фудбал Италија Повеќе нема дилеми: Пијатек потпиша за Милан!

Повеќе нема дилеми: Пијатек потпиша за Милан!

Овие денови се најавуваше дека овосезонската сензација во Серија А, Пијатек ќе направи трансфер од Џенова во Милан, а тоа сега е потврдено и официјално.

Милан за услугите на овој 23-годишен полски напаѓач плати 35 милиони евра, а Пијатек потпиша четири ипол годишен договор со Росонерите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пијатек во Милан пристигнува како замена за Гонзало Игуаин, кој исто така го комплетираше трансферот во Челси.

Инаку, Пијатек оваа сезона одигра 21 натпревар за Џенова во сите натпреварувања, и постигна 19 погодоци и една асистенција.

Наводно Полјакот веќе го одбрал бројот на дресот кој ќе го носи во Милан, а тоа е бројот 19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милевски го објави списокот со фудбалери за дуелите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн (Фото)

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на фудб…