Дома Топ вести Повеќе нема дилеми: Лукаку е пред трансфер во Интер! (ВИДЕО)

Повеќе нема дилеми: Лукаку е пред трансфер во Интер! (ВИДЕО)

Ромелу Лукаку веќе подолго време се поврзува со Интер, а сега ни пристигнува доказ дека не се работи само за медиумски шпекулации.

Лукаку е една од желбите на Антонио Конте и се очекува „нероаѕурите“ да ја исполнат желбата на новиот стратег.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По се изгледа навистина големи се шансите Лукаку наредната сезона да го гледаме во дресот на Интер.

Пред малку на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како агентот на Лукаку, Федерико Пасторело влегува во канцелариите на Интер.

Според она што претходно се пишуваше Лукаку во Интер ќе заработува пет милиони фунти годишно и ќе потпише договор на пет години. Чекаме да видиме дали тие најави ќе бидат потврдени.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…