Го победивме Косово сега пред нас е Грузија која ни е таа последна пречка за историски пласман на едно Европско првенство.
Финалето со Грузија го играме на 12. ноември, а претходно ќе играме и еден натпревар против оваа селекција дома во рамките од новото издание на Лигата на Нации.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Евентуалниот пласман на Европското првенство на Македонија ќе и донесе рекордна сума на пари. Доколку избраниците на Игор Ангеловски ја минат Грузија само за пласманот на континенталниот шампионат од УЕФА ќе добија 9.250.000 евра.
На Европското првенство секоја победа носи 1.500.000 евра, а нерешен резултат 750.000 евра.