Екипата на Шкендја со 3:2 успеа да слави против бугарскиот тим ЦСКА 1948 Софија во пријателскиот натпревар кој денес се одигра во Банско.
За Шкендија ова беше последен пријателски натпревар пред првиот натпревар во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите против Мура. Шкендија одиграла еден одличен натпревар, посебно во првото полувреме и била подобриот противник, па заслужено и победил.а
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Шкендија голови постигнаа Зејнулаи и Ибраими (од пенал), а Видев си постигна автогол. Стрелци за ЦСКА беа Климентов и Ценев.
Ќе потсетиме Шкендија претходно одигра три пријателски натпревари: Приштина (0:2), Шкупи (2:0), Лачи (2:1).