Наполи вчера со победата над Монца го презема врвот во италијанското првенство, но со овој триумф во Серија А видовме ситуација каква што немало никогаш претходно.
Имено, за првпат во историјата на Серија А во првите шест кола на табелата лидери биле шест различни екипи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аталанта беше лидер по првото коло, потоа Јувентус, па Интер, Удинезе и Торино минатата недела. Вечерва колото се комплетира со дуелот помеѓу Парма и Каљари, но тој не може ништо да промени на врвот.
На лидерската позиција, Насполи има 13 бода и еден бод предност во однос на Јувентус кој во шест кола освои 12 бода. Ривалите од Милано, Интер и Милан се зад нив со 11.