Дома Фудбал Останато По тешката повреда на Заниоло се огласи неговиот татко: Го споредуваат со Роналдо

По тешката повреда на Заниоло се огласи неговиот татко: Го споредуваат со Роналдо

Taлентираниот фудбалер на Рома, Николо Заниоло во јануари ги скина лигаментите на десното колено и само што се опорави сега се здоби со нова повреда.

Во натпреварот против Италија и Холандија Заниоло повторно се повреди и повторно во прашање беше коленото, овој пат другото.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


После тешката повреда на Николо за „Газета Дело Спорт“ зборуваше неговиот татко.

„Николо навистина се мачи и во неговата глава има многу негативни мисли и тоа е очекувано. Има само 21 години и природно е да се плаши дека нема да може да му се врати на фудбалот и да биде ист како и претходно. Добро работеше во клубот и во репрезентацијата и затоа мислам дека ова е само лоша среќа. И овој пат не се работеше за старт од некој играч, едноставно почувствува дека коленото му попушти и застана“.

Поради двете повреди во краткиот период Заниоло почнаа да го споредуваат со бразилскиот Роналдо кој во кариерата имаше слични проблеми.

„Се прават споредби со Роналдо, но јас не би можел да ви кажам дека има сличности. Верувам дека по првите денови по опоравувањето во Николо повторно ќе гори истата страст…Психолошки овој пат е потешко од јануари, а менталниот аспект е важен во процесот на опоравувањето“, изјави Заниоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на у…