Денес се играа натпревари од македонската прва лига.
Шкупи во Кавадарци кај Тиквеш гостуваше со серија од три победи, но од таму се враќа само со реми. До водство домаќините стигнаа во 24. минута со голот на Спахиу, а 14 минути подоцна Арби Воша го изедначи резултатот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тиквеш во продолжение повеќе напаѓаше и имаше шанси да дојде до трите бода, но сепак не успеа да го победи фаворитот.
Брера која имаше фантастичен старт сега почна да тоне, денеска беа поразени од Гостивар со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Кехинде по 15 минути игра.
Кризата ја прекина Брегалница која славеше поритв Работнички со 2:1. Победа со истиот резултат забележа и Воска Спорт против Македонија Ѓорче Петров.