Екипата на Македонија Ѓорче Петров брзо го заборави поразот од Шкендија и им се врати на победите во ПМФЛ. Денес „лавовите“ беа подобри од Брера со 1:0.
Од почетокот на натпреварот домаќините имаа повеќе од играта, меѓутоа посериозни прилики немаше. Како што одминуваше времето од првото полувреме, Брера се консолидираше и го затвори приодите кон својот гол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, шансите изостануваа. Струмичани не успеаа да се одбранат пред самиот крај на првото полувреме. Велчиковски по една контра излезе „еден на еден“ со голманот Алчевски кој го одбрани неговиот удар, но одбиената топка дојде до Јован Попзлатанов кој реализираше за водство.
Во второто полувреме мрежите мируваа, па бодовите останаа во Ѓорче. Останатите средби од ова коло во ПМФЛ се играат утре. Со оваа победа Македонија ЃП барем до утре, кога ќе се комплетира колото, ќе биде на седмата позиција со 11 бода, Брера остана четврта со 14 бода.