Денеска во македонскиот фудбал се играа натпревари во рамките од 22. коло во ПМФЛ.
Во Маџари Вардар и Работнички го одиграа скопското дерби кое заврши со победа на црвено-црните од 1:0. Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 56. минута кога Дарко Глишиќ ја затресе мрежата на Игор Алексовски директно од корнер. Впечаток е дека голманот на дебармаалци можеше многу подобро да реагира во оваа ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар со денешниот триумф дојде на само еден бод од Воска на деветата позиција во битката за опстанок во најсилната македонска фудбалска лига. Вардар е на 24 бода, додека Воска која денеска ремизираше со Гостивар 1:1 е на 25. Јусуфи со својот прв гол во дресот на Воска го отвори резултатот во 24. минута, додека Мухамед Елмас ги поостави конечните 1:1 со погодокот во 83. минута.
Бобан Грнчаров имаше тешка задача на дебито на клупата на Македонија Ѓорче Петров бидејќи гостуваше во Струга. Актуелниот шампио на Македонија ја оправда фаворитската улога славејќи победа од 2:1. Работата домаќините ја завршија во првите 20 минути од натпреварот кога Шабани и Радески ја тресеа мрежата на гостите од Ѓорче. За „лавовите“ на стартот од вториот дел стрелаше Алији.
Тиквеш минималн со 1:0 го совлада Силекс во Кавадарци, додека средбите Брегалница – Шкупи и Брера – Шкендија завршија без погодоци.