Актуелниот шампион Вардар денес ја бојкотираше ФФМ со тоа што во натпреварот против Силекс настап со целосно младински состав.
Па, младинците на Вардар не успеаа да запишат бодови против Силекс. Гостите од Кратово успеаа да стигнат до победа од 2:3 и со тоа „црвено-црните“ веројатно ја предадоа титулата на Шкендија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар до преднсот дојде со голот на Попзлатанов, Силекс со погодоците на Глигоров и Тимов направи пресврт и поведе со 1:2, за потоа Реџепи да си постигне автогол за 1:3. Во вториот дел Вардар успеа да постигне еден погодок, повторно преку Попзлатанов за 2:3.
Академија Пандев која на стартот од сезоната започна одлично сега велезе во криза и ниту на седмиот натпревар не успеаа да дојдат до победа. „Пандевци“ ремизираа против ренова 1:1. Во останатите два натпревари. Пелистер и Скопје одиграа 0:0, додека Шкупи и Работнички исто така ги поделија бодовите со 1:1.