Денес на програмата е второто коло во македонската прва фудбалска лига.
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најголемо внимание можеби привлекува дуелот помеѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров. Шкупи со најголеми амбиции влезе во оваа сезона со неколку одлични засилувања, но во првото коло не успеаа да ја победат Брегалница во Штип и одиграа 0:0. Во тој натпревар Брегалница на моменти беше и подобар противник и можеше да дојде и до трите бода против фаворизираниот противник. Македонија Ѓорче Петров од друга страна на домашен терен успешно стартуваше со битолски Пелистер (1:0). Единствниот гол на на тој натпревар го постигна Арби Воша.
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
Шкендија веќе сметајќи ги и натпреварите во европските квалификации (два против Мура и два против Рига) веќе пет натпревари е без постигнат гол. Во првото коло со новајлијата Тиквеш одиграа без голови. Реализиацијата е сериозен проблем за тетовци, па ќе видиме дали Бруно Акраповиќ конечно пронашол решение за овој проблем. Нивниот денешен противник, Ренова од во првото коло одигра 1:1 со Скопје на домашен терне.
Во останатите натпревари од 17:00 часот се среќаваат:
ФК СКОПЈЕ – БРАГЛНИЦА
БОРЕЦ – ТИКВЕШ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР
Колото ќе биде затворено со натпреварот во вечерен термин од 20:00 часот:
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ