Андреа Пирло е именуван за нов тренер на Јувентус и уште на првото обраќање направи грешка.
Јувентус на изненадување на сите го именуваше Пирло за нов тренер, истиот ден кога Сари беше сменет после елиминацијата од ЛШ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Поранешниот играч на Јувентус, но и на ривалите Интер и Милан, направи грешка уште на почетокот на својот мандат со објавата на Твитер.
„Среќен сум и горд што добив таква доверба од Јувентус. Подготвен сум за оваа фантастична прилика.“ – напиша Пирло.
Тој во објавата сакаше да го тагира Јувентус, но наместо @juventusfc напиша само @juventus. Станува збор за страница на некоја американска компанија која се занимава со здрав стил на живот кој вклучува и пластични операции.
Нормално, навивачите нема да му замерат за оваа ситна грешка. За нив е важо грешките да бидат минимални кога ќе седне на клупата на италијанскиот шампион.