Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло започна преговори со својот поранешен клуб Јувентус за да го преземе кормилото на младиот тим на „бјанконерите“, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Идејата на 39-годишниот Италијанец е да го преземе кормилото на У23 тимот на Јувентус од следната сезона, бидејќи актуелниот тренер Цинкорели не успеа да се справи најдобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов Пирло работи во „Скај Спорт“ како стручен коментатор на натпреварите од Серија А, но веќе оди на тренерски курс.
Пирло е вистинска икона на италијанскиот фудбал, а четири сезони помина во дресот на „бјанконерите“ каде освои четири титули во Серија А.
Медиумите тврдат дека двете страни се во напредни преговори и во наредните денови треба да бидат договорени последните детали. Па од следната сезона Пирло ќе ја започне својата тренерска авантура.
? "Many say that I deserved at least one Ballon d'Or. I'm thinking that if Xavi and Iniesta never won it with everything they've accomplished, I shouldn't even be considered a candidate."
– Andrea Pirlo. ??? pic.twitter.com/m87PQSGyXg
— Football Tweet (@Football__Tweet) March 1, 2019