Дома Фудбал Лига на шампиони Пирло пред Порто: Ова се натпревари за Роналдо

Пирло пред Порто: Ова се натпревари за Роналдо

Вечерва Јувентус ќе игра против Порто за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а Андреа Пирло верува дека ќе го има максимално расположениот Кристиано Роналдо.

Јувентус ќе игра против Порто и од претходниот натпревар „старата дама“ има негатива од 2:1 па сега самп победа е опција за Италијанците. Пирло верува дека Роналдо може да биде човекот на одлука.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ова се натпревари за Кристиано Роналдо, многу пати го докажал тоа. Имаше специјален тренинг и е подготовен за игра“.

Новинарите го прашаа дали стравува од отказ затоа што Алегри и Сари си заминуваа поради слаб настап во Европа.

„Ако мислев така немаше да бидам тука. Знам од колкава важност е овој натпревар, но одиме чекор по чекор. Клубот одлучува за мојата иднина, мое е да работам најдобро што знам. Овој натпревар е како финале за нас, ќе се обидем да ги поправиме грешките кои ги направивме во минатиот натпревар“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мусиала има тешка повреда – ќе се врати на теренот до крајот на годината?

Целиот фудбалски свет остана во шок поради страшната повреда на Џамал Мусиала во финишот о…