Јувентус вчера изгуби на гости од Наполи со 1:0. Единствениот гол го постигна Лоренцо Инсиње од белата точка.
Пеналот беше досуден откако главниот судија беше повикан да гледа ВАР. По прегледувањето на снимката судијата процени дека дуелот помеѓу Киелини и Рахмани е доволен да се досуди најстрога казна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Наполи не шутна кон нашиот гол. Изгубивме поради тој сомнителен пенал. Играта ни беше добра, но за жал изгубивме. Ако се суди пенал додека некој шири раце кога топката е во рацете на голманот тогаш треба да има многу пенали. Можам да замислам што ќе беше ако нас ни досудеа ваков пенал“, изјави Пирло.