Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека ќе направи драстични промено во обид тимот да ја надмине кризата во која западна во последно време.
Милан влезе во серија на лоши резултати, а во недела му гостува на Интер во дербито од 21-то коло од Серија А.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека Пиоли на денешниот тренинг испробувал нови формации, 4-3-3 и 3-4-3 и тренингот траел 40 минути подолго од предвиденото.
Од како пристигна Пиоли на кормилото „росонерите“ играат со формација 4-2-3-1 веќе три години и со таа формација минатата сезона го освоија Скудетото.
📰 Sky: Pioli tries three-man midfield and three-man defence ahead of Inter gamehttps://t.co/qOhqFDTvOM #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) February 2, 2023