Дома Фудбал Италија Пиоли: Се надевам дека ова не е последниот танц на Ибра

Пиоли: Се надевам дека ова не е последниот танц на Ибра

Милан е многу блиску до освојувањето на титулата, а тренерот Стефано Пиоли предупреди дека „росонерите“ мораат да останат фокусирани на двете средби кои следуваат, првата е денес против Аталанта на домашен терен.

Аталанта знае да биде незгоден противник, но Пиоли очекува Милан повторно да прикаже добро издание и да ја продолжи серијата на одлични резултати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секој натпревар за нас е финале, така е веќе некое време. Верувам така ќе биде и против Аталанта кој е незгоден ривал, но ние сме спремни. Не постои тензија во нашата соблекувална како што се зголемува притисокот сите уживаме во она што го правиме, играчите се максимално дисциплинирани“, изјави Пиоли.

Зборуваше Пиоли и за најавите дека ова ќе биде последниот натпревар на Златан Ибрахимовиќ во дресот на Милан.

„Последниот танц на Ибра? Се надевам нема да биде така. Тој е шампион со големо Ш. Не зборуваме тука само за фудбалските квалитети, туку за лидерството и самодовербата која ја носи со себе. Ибрахимовиќ е човек кој не можете да го опишете со зборови. Искрено се надевам дека ќе продолжи да игра и следната сезона“, истакна стратегот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…