Тренерот на Милан, Стефано Пиоли денес одржа прес-конференција пред натпреварот со Аталанта, а посебна конференција на овој прес беше Марио Манџукиќ.
Хрватскиот напаѓач пред неколку дена потпиша за Милан и веднаш започна со тренинзи во полна пареа. Пиоли за него има само пофални зборови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веднаш одлично се вклопи. Веќе играше во Италија и знае што е потребно да играте тука. Физички исто така е во одлична форма, иако долго не играл се гледа дека работел на себе. Можам да ви кажам дека е спремен да игра уште утре“.
Пиоли верува дека Манџукиќ може да игра заедно со Ибрахимовиќ.
„Убеден сум дека можат да играат заедно. Марио само што дојде, а таа една од можните опции. Можам да ви кажам дека и затоа е доведен. Отворен сум за сите опции, ќе видиме како работите ќе изгледаат на теренот“, изјави Пиоли.