Дома Фудбал Останато Пикси има порака за Јувентус: Ако сакате да победувате купете го Сергеј

Пикси има порака за Јувентус: Ако сакате да победувате купете го Сергеј

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси зборуваше за италијанските медиуми и испрати порака до Јувентус.

Пикси му порача на Јувентус да го го купи Сергеј Милинковиќ Савиќ со кого „старата дама“ и се поврзува подолго време.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ако сакате да победувате купете играч каков што е Сергеј. Секоја година се поврзува со разни клубови, но стои цврсто на земја затоа што го сака Лацио. Тој би бил одличен избор за Јувентус, седум години е во Серија А и би се вклопил кај Алегри. Да, сум јас во Јувентус не би чекал, веднаш би платил 100 милиони евра за него“.

„Фудбалот денес е таков кој ќе потроши повеќе тој ќе има предност. За Сергеј вреди да се плати. Дали за него би било добро да остане во Серија А? Сееедно, може да игра во било кој европски клуб“, изјави Пикси.

Според последните најави од Италија Лацио одлучил да го продаде, а најсериозен кандидат во Италија е токму Јувентус кој е спремен да плати 70 милиони евра, но со Лотито сигурно нема да биде лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги може како Мурињо – една работа им се повторува!

Фудбалскиот клуб Интер повторно е во полуфиналето на Лигата на шампионите, и не само тоа, …