Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Пике со нов удар: Нови провокации на адреса на Роналдо…

Пике со нов удар: Нови провокации на адреса на Роналдо…

Репрезентацијата на Шпанија синоќа одигра 3:3 против Португалија во феноменалниот меч од првото коло од групната фаза на СП во Русија.

Португалија на два пати имаше предност, но Шпанија на почетокот на вториот дел успеа да направи пресврти на 3:2. Сепак, во последните секунди по третпат на мечот на сцена стапи Кристијано Роналдо кој со фантастичниот гол од слободен удар ги постави конечните 3:3.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Екипата на Португалија поведе со 1:0 на самиот старт на мечот кога судијата свирна пенал над Кристијано Роналдо. Токму Роналдо ја презеде одговорноста и рутински славеше. По мечот Џерард Пике изјави дека не можел да верува дека судијата свирнал пенал веќе во втората минута.

„Имавме многу повеќе шанси на мечот од Португалија, Тие по три удари, постигнаа три погодоци и морате некако да се помирите со тоа. Кога на првиот меч од Мундијалот судијата свири пенал во втората минута морате некако да го прифатите тоа и да мислите во позитивна насока иако мене тоа ми е неверојатно. Сепак, Кристијано Роналдо порано покажа дека е склон кон лажните падови на теренот“, истакна Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…