Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике истакна дека стилот на игра на Манчестер Сити стана многу сличен на оној на кој играат Каталонците, откако на клупата на „граѓаните“ седна Пеп Гвардиола.
Утре на програмата во Лигата на шампиони е големата пресметка помеѓу Манчестер Сити и Барселона што ќе биде повод Пеп Гвардиола да се врати на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од кога Пеп го превземе Манчестер промени многу работи. Мислам дека Сити сега е комплетно поинаква екипа од онаа која ја тренираше Пелегрини. Мислам дека се обидуваат да играат како нас. Пеп го разбира фудбалот на исти начин како и ние, па затоа утрешниот натпревар ќе биде голем предизвик за нас. Се надевам дека ќе победиме“, истакна Пике, а потоа имаше само пофални зборови за Гвардиола.
„Мислам дека Пеп ја одбележа кариерата на сите нас кои работевме со него. Почнавме да го сваќаме фудбалот на поинаков начин откао дојде Пеп“, изјави Пике.