Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се сегашност, но и иднина на фудбалот, играчи од кои се очекува да водат битки за „Златната топка“.
Халанд и Мбапе на лето би можеле да ја променат средината. На Французинот му истекува договорот со ПСЖ и најверојатно ќе продолжи во Реал Мадрид, а многумина очекуваат и трансфер на Халанд на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Постои можност затоа што Реал покажуваше интерес да го видиме и Халанд во Мадрид. Но, Пике смета дека Халанд и Мбапе не треба да играат заедно.
„Ако јас сум Халанд и ја сакам Златната топка никогаш не би играл во ист тим со Мбапе“, изјави Пике.
Халанд и Мбапе сигурно сакаат да бидат први ѕвезди на своите тимови, посебно се мисли на францускиот напаѓач кој не падна ниту во сенката на Нејмар по доаѓањето на Бразилецот во Париз, затоа можеби и изјавата на Пике е на место.