Вечерва се одиграа и последните натпревари од шестото коло во Лигата на шампионите.
Најмногу голови вечерва видовме во Париз каде што ПСЖ славеше против Галатасарај со 5:0. Голеадата започна во 32. минута кога погоди Икарди, а само три минути подоцна Сарабија зголеми на 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот на вториот дел Нејмар постигна гол за 3:0, за во 63. Минута Мбапе да стрела за 4:0. Конечните 5:0 ги постави Кавани од пенал на шест минути пред истекот на регуларните 90.
Мурињо и Тотенхем беа поразени со 3:1 кај Леверкузен. Коман го отвори резултатот во 14. Минута, а шест минути подоцна Сесењон изедначи. Пред самиот крај на првиот дел Милер обезбеди водство за домаќините.
Последниот гол на натпреварот беше дело на Кутињо во 64. минута.
Реал Мадрид немаше премногу проблеми и го совлада Клуб Бриж со 1:3. Головите ги постигнаа Родриго, Винисус и Модриќ. Стрелец за домаќините беше Ванакен.
Јувентус на гости во Леверузен во натпревар во кој не видовме премногу шанси со головите на Роналдо и Игуаин забележа победа од 0:2. Во истата оваа група, Атлетико со истиот резултат на домашен терен беше подобар од Локомотив Москва.
Во последниот натпревар Олимпијакос на свој терен со минимален резултат ја совлада Црвена Звезда (1:0).
Од вечерва пласман во топ 16 обезбедија: ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Тотенхем, Манчестер Сити, Аталанта, Јувентус и Атлетико Мадрид