Дома Фудбал Пет позитивни фудбалери на Ковид-19 во Шпанија

Пет позитивни фудбалери на Ковид-19 во Шпанија

Пет фудбалери од Шпанија се позитивни на Ковид-19, откриено е во текот на тестирањата кои беа спроведени во претходните денови.

Како што пренесува Мундо Депортиво три се играчи кои играат во Ла Лига и дваjца во Сегунда. Треба да се напомене дека оваа бројка може да порасне следните денови со оглед на тоа дека само неколку клубови ги добиле резултатите од тестовите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Не е ова ништо што е неочекувано со оглед дека се предвидуваше помеѓу 25 и 30 позитивни во двете најсилни лиги. Да потсетиме, и Бундеслигата во текот на тестирањата кои ги направи претходните денови пронајде 10 позитивни случаи.

Инаку, во Шпанија се прават 2000 тестирања на играчи и стручни штабови, а се очекува денеска да бидат потврдени уште многу резултати.

Да потсетиме, вчера од Ла Лига испратија честитка до Бундеслигата откако го одреди датумот за продолжување на лигата и порача дека Фудбалскиот сојуз на Шпанија треба да го направи истото.

За сега нема официјален датум од кога ќе продолжи Ла Лига, а се шпекулира дека тоа ќе биде на почетокот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пјеро брутално искрен: Ова е срамота, го загубивме идентитетот!

Италија не се смирува откако фудбалската репрезентација повторно доживеа неуспех. Страсти …