Дома Фудбал Англија Пет кандидати за наследник на Мурињо

Пет кандидати за наследник на Мурињо

Неколку часа после официјалната потврда за отказот на Жозе Мурињо медиумите на Островот започнаа со шпекулации за негов наследник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите пренесуваат дека има пет кандидати за нов тренер на Тотенхем, а најголем фаворит е германскиот стратег Јулијан Нагелсман.

Актуелниот тренер на Лајпциг се побрзува и со Баерн Минхен, па Тотенхем ќе се обиде да го „украде“ пред Баварците.

Слободниот Макс Алегри традиционално се поврзува со секој голем клуб, па се најде на списокот на Тотехем.

Според „Мирор“ сериозен кандидат е и тренерот на Лестер, Брендон Роџерс, меѓутоа тој сигурно нема да сака да ги напушти „лисиците“ доколку обезбеди пласман во Топ 4.

Името на Стивен Џерард се најде исто така на списокот заедно со клупската легенда Ледли Кинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…