Како што пренесуваат италијанските медиуми, Иван Перишиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус.
Договорот на Перишиќ со Интер истекува на крајот на сезоната, а „нероаѕурите“ неодамна му понудија нов двегодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Перишиќ после финалето на Купот испрати порака до раководството и истакна дека со важни фудбалери како него не требало да го чекаат последниот момент за нов договор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Першиќ е во напредни преговори со Јувентус и недостасуваат само детали.
Алегри го сака Хрватот, а „старата дама“ му понудила двегодишен договор со плата од 6 милиони евра по сезона, а во Торино ќе пристигне како слободен агент.