Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига, а исто така продолжува со засилувањата за иднината.




„Кралевите“ минатото лето го договорија Едуардо Камавинга од Рен за 35 милиони евра, а Французинот покажа дека има голем потенцијал. Шпанците сега планираат да го купат Чуамени од Монако за сума од 50 милиони евра плус 15 милиони во бонуси.




Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Овој 22-годишен фудбалер игра во средниот ред и треба да биде замена за Касемиро, а дека станува збор за квалитетен играч покажува и тоа што настапи седум пати за француската репрезентација.