Дома Топ вести Перез: Сакаме да ги задржиме Хамес и Мората!

Перез: Сакаме да ги задржиме Хамес и Мората!

Претседателот на Реал Мадрид, Флоентино Перез даде опширно интервју за „Марка“ во кое зборуваше за многу теми.

Покрај иднината на Роналдо, Перез истакна дека „кралскиот“ клуб сака да ги задржи Хамес и Мората кои се на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Сакаме да го задржиме целиот тим за наредната сезона, вклучително Мората и Хамес Родригез. Хамес е наш фудбалер и воодушевени сме со него. Никакви понуди за него сеуште немаме добиено. Притоа, никој во клубот не рекол дека сака да го продаде Мората, ниту играчот дојде со такво барање. Зидан не сака да пушти ниеден важен играч“, јасен беше Перез.

Перез потоа проговори и за Мбапе кој се поглесно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

„Реков и порано, Мбапе е роден да игра за Реал Мадрид, го следиме од порано. Не потпишавме со него кога имаше 16 години бидејќи беше премногу млад. Сигурно е дека ќе биде еден од најдобрите во светот“, истакна Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тео Хернандес го стигна Малдини, овој му порача: Ти си специјален!

Милан синоќа запиша рутинска победа против Лече со 3:0, а еден од головите беше дело на Те…