Дома Фудбал Перез: Не сакаме да играме во Америка

Перез: Не сакаме да играме во Америка

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез истакна дека не сака неговиот клуб некои натпревари да ги игра во Америка.

Ла Лига претходно склучи договор со медиумската компанија Релевент според кој некои првенствени натпревари ќе бидат одиграни на американско тло.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, првиот човек на мадридскиот клуб тврди дека тие не се спремни да играат на друго место освен во Шпанија.

„Не сакаме да играме во САД. Не знам чиј е интересот да се игра таму, но не е во интерес на клубовите и навивачите, затоа го отфрламе ова како можност.“

Барселона и Гирона би требало во јануари да играат во Мајами. Ќе видиме дали некој од каталонскиот клуб ќе реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бекам со понуда до Де Брујне која не се одбива

Кевин де Брујне ова лето ќе биде слободен играч и веќе има право да преговара со други клу…