
Темата за интересот на Реал Мадрид кон голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа повторно е актуелна во шпанските медиуми.
Според „Диарио Гол“, претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез имал разговор со шпанскиот голман и го предупредил дека ако не потпише за Реал следното лето, клубот ќе се преориентира кон голманот на Челзи, Тибо Куртоа.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Шпекулациите за евентуален трансфер на Куртоа во Реал се засилија последните недели, откако Белгиецот ги стопираше преговорите со Челзи за нов договор.
Пред неколку дена дури и менаџерот Антонио Конте го повика раководството побрзо да го реши проблемот со договорот на Куртоа кој истекува на крајот на следната сезона.