Флорентино Перез има јасен план и Покетино оваа понуда тешко би можел да ја одбие.
Реал Мадрид и Тотенхем повторно би можеле да соработуваат како и во 2012 година кога пристигна Лука Модриќ, а една година подоцна и Герет Бејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат шпанските медиуми управата на Реал Мадрид е сериозно заинтересирана за Хари Кејн и сака да го доведе како фудбалер кој ќе биде новата „деветка“.
Флорентино Перез добро знае дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, е комплициран и тежок за преговори, па затоа прво праша за цената на Хари Кејн.
Од Лондон наводно добиле одговор дека цената е 200 милиони евра и ниту цент помалку, а потоа следела понуда за размена која многу би можела да го израдува Маурисио Покетино.
Наводно, Реал е спремен да заштеди и е спремен да ги понуди Герет Бејл и Борха Мајорал кој е голема желба на Покетино.
Покетино во изминатите два преодни рока се обидуваше да го доведе Мајорал, но до не успеаа да се договорат, а сега би можеле со размената за Кејн да го добијат назад и Герет Бејл кого навивачите го паметат како еден од најдобрите играчи во историјата на клубот.
Од друга страна пак во Реал полека го губат трпението и довербата во Бејл, тимот може да функционира и без него, а во прв план од наредната сезона кај „кралевите“ би можеле да се истакнат Марко Асенсио, секако Роналдо и доколку пристигне, Кејн.