Една од најголемите легенди на светскиот тенис, Рафаел Надал може да застане на чело на еден од најпознатите фудбалски клубови во историјата, Реал Мадрид.
Актуелниот претседател на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез како свој наследник на претседателското место го гледа токму Рафаел Надал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но за да се стане претседател на Реал Мадрид не е толку лесна задача и премногу малку луѓе можат да си ја дозволат оваа одговорност. Кандидатот за позицијата треба да има банкарски гаранции за минимум 75 милиони евра лични средства и да е член на клубот минимум 20 години.
Во случајот, парите не се проблем во случајот на Надал, чие лично богатство се проценува на 150 милиони евра во моментов. Тој, сепак, е член на Реал Мадрид од 2011 година и ќе може да учествува во изборите за претседател дури во 2031 година.
90Min: Florentino Perez Backs Tennis Champion Rafael Nadal to Become Real Madrid President https://t.co/XTu3mVmCTz # pic.twitter.com/9Fzk9g0aEt
— Real Madrid Noticias (@AppRealMadridCF) September 10, 2018