Дома Трансфер зона Пепе Реина кариерата ја продолжува во ГОЛЕМИОТ гигант од Италија

Пепе Реина кариерата ја продолжува во ГОЛЕМИОТ гигант од Италија

Искусниот шпански голман, Пепе Реина на крајот од оваа сезона ќе го напушти Наполи, бидејќи одлучи да не го продолжи договорот со овој клуб.

Реина со Наполи има договор до крајот на следниот месец и не сакаше да остане во Наполи иако имаше понуда. Шпанскиот голман се поврзуваше со неколку европски тимови, но изгледа дека одлучил да остане во италијанската Серија А.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели изјави дека се договориле со Реина и дека овој голман кариерата ќе ја продолжи на „Сан Сиро“.

„Имавме можност да го доведеме бесплатно и мислам дека направивме добар потег. Реина сигурно може да ни помогне на теренот со своето искуство. Навистина ни требаат играчи со искуство, а Реина го има во изобилие“, изјави Мирабели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…