Манчестер Сити и Пеп Гвардиола сакаат засилување во одбраната, а според „Марка“, нова мета е Ашраф Хакими.
Иднината на Кајл Вокер е неизвесна во Сити, па затао Сити сака за негов наследник да го доведе Мароканецот од редовите на Пари Сенжермен. Секако, ако воопшто ПСЖ има намера да го пушти тоа нема да биде за мала сума.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на Хакими е со важност до 30-ти јуни 2026, па тоа остава простор ПСЖ да не брза. Жоао Кансело ќе се врати во Манчестер по неуспешната епизода во Баерн, но Гвардиола не смета на него.
На Сити му е потребно засилување на таа позиција, а подобра од опција од Хакими кој е одличен и млад, има само 24 години тешко дека ќе пронајдат. Во Париз од друга страна сега фокусот е на ситуацијата со Килијан Мбапе кој има уште една година од договорот и најави дека нема да го продолжи, Реал Мадрид се обидува да го доведе уште ова лето.