Во текот на вчерашниот ден пристигнаа лоши вести за состојбата на бразилската легенда Пеле.
Пеле бил префрлен на палијативна нега каде што болките му се ублажуваат, дишењето му е отежнато, пренесуваа медиумите во Бразил. Хемотерапијата била прекината затоа што неговото тело повеќе не реагирало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш по таа вест се огласија голем број фудбалски фанови, но и фудбалери кои искажуваа поддршка за легендарниот бразилски фудбалер. Пеле испрати и порака од болницата каде што престојува.
„Сакам сите да бидете мирни и позитивни. Силен сум и се држам до мојот третман како и обично. Му се заблагодарувам на целиот медицински персонал за грижата што ми ја пружаат. Имам голема верба во Бог. Гледајте го Бразил на Светското првенство“, порача Пеле.