Заврши европското првенство во ракомет па сега фокусот повторно ќе биде на клупските случувања. Вардар денес го започнува вториот дел од сезоната, противни ке Нексе во СЕХА лигата.
Натпреварот стартува од 18:00 часот, а од денес па во наредните 20-тина дена црвено-црните ќе играат натпревари на секои два-три дена. До 23. февруари вардарци ќе одиграат девет натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е пеколен старт за новиот тренер Дејвис кој ќе нема многу време да работи со играчите на тренинзите, а денови за одмор ракометарите скори и да немаат.
РАСПОРЕДОТ НА ВАРДАР ДО 23 ФЕВРУАРИ
4 февруари: Вардар – Нексе
6 февруари: Вардар – Пролет
8 февруари: Војводина – Вардар
9/10 февруари: Прилеп – Вардар
12/13 февруари: Вардар – Е. Пелистер 2
16 февруари: Монпелје – Вардар
18 февруари: Нексе – Вардар
20 февруари: Тиквеш – Вардар
23 февруари: ППД Загреб – Вардар
Треба да се додаде дека обврските на Вардар нема да завршат со 23. Февруари на 27. ќе играат со Струга, а не се знае и што ќе биде со Металург и одложениот натпревар. Во овој момент тој дуел е како одложен.
Фото: РК Вардар