Дома Трансфер зона „Пајакот“ од Ривер може да биде засилувањето во нападот на Барселона

„Пајакот“ од Ривер може да биде засилувањето во нападот на Барселона

Барселона како што е познато е во лоша финансиска ситуација, но тоа сепак нема да ја спречи управата на клубот да се засили во зимскиот преоден рок.

Една од првите желби на Барселона ќе биде аргентинскиот голгетер и фудбалер на Ривер, Хулијан Алаварез. Популарниот „Пајак“ во Јужна Америка игра одлична сезона и на 44 натпревари постигна 21 гол во дресот на гигантот од Буенос Аирес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алварез не сака да го обнови договорот кој му истекува во декември 2022 година, а неговата откупна клазула не е така висока и изнесува 25 милиони евра.

Ангажманот на Алварез би бил одличен за Чави кој има големи проблеми во нападот каде што не може да смета на Агуеро за кој се најавува и дека поради проблемите со срцето ќе ја заврши кариерата. Тука се повредите на Брајтвајт и Ансу Фати, Дембеле неодамна се врати, но не е во формата на која треба да биде.

Коментари