После одработените подготовки во Крањска Гора и одиграниот турнир во Германија, вардарци се наоѓаат во Скопје, каде ќе продолжат да тренираат пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Десет дена поминавме во Крањска Гора каде работевме на физичката подготовка, а се тренираше и во сала. Новиот шеф на стручниот штаб, Парондо за официјалниот сајт на клубот говори за моменталната состојба во екипата.
-Во Словенија работевме добро, играчите работеа на физичката подготовки и работеа вредно. Посветено се одработи она што беше планирано. Сега е време кога повеќе внимаваме на физичката подготвеност. Имавме некои проблеми со настинка на некои ракометари, па не секогаш бевме комплетни, но генерално добро ги завршивме подготовките.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бевме дел од силен меѓународен турнир во Германија, “Хеиде Куп„ на кој го освоивме четвртото место, тоа беа и првите мечеви кои ги одигравме во подготвителниот период.
-Турнирот генерално гледано беше добар. На првиот меч имавме 23 промашени удари, тоа ни беше проблем. Но беше прв натпревар и патувавме цел ден. Потоа игравме одличен меч 60 минути, а тоа е тешко во оваа фаза на подготовки. Сепак покажавме дека можеме да играме на високо ниво. На последниот меч со Лајпциг не игравме лошо, иако можевме и подобро. Ни требаат уште некои детали во играта. Судиите беа навистина лоши, но ние не треба да ја губиме концентрацијата. Наместо на играта да не мислиме на судиите, истакна Парондо.
Во новата сезона, екипата има неколку нови играчи, кои треба да се вклопат во тимот. На подготовките и на турнирот со тимот отпатуваа и тројца млади играчи, за кои Парондо смета дека во истите има потенцијал и можност за напредок.
–Ние сме нов тим во одбрана, и тоа им го кажувам и на играчите. Во напад сме можеби исти, но во одбрана сме нови, пробуваме нови играчи, и ќе треба време за сѐ да биде како што сакаме. За млади ракометари важно е да имаат вакви силни тренинзи. Рано е да се каже кали веднаш ќе играат. Ни требаат голман и играч во одбрана. Сезоната е долга и најважно е тие да тренираат а шансата секогаш постои. Бидејќи се со нас сигурно дека има квалитет и потенцијал во нив.
Првиот официјален меч, црвено-црните ќе го одиграат на 18-ти август во рамките на супер купот, против екипата на Металург.
-Сега веќе доаѓаат натпревари на кои ни требаат резултат. Особено оние што ги играме дома. Се подготвуваме и верувам дека ќе играме на нивото што го сакаме, бидејќи се уште сме во фаза на подобрување на формата за да бидеме спремни за она што не очекува од следниот месец, изјави Парондо.