Легендата на Милан и италијанскиот фудбал, Паоло Малдини доби уште една големо признание.
Имено, Малдини доби свое место во „Улицата на славните“ во Италијанскиот олимписки комитет во Рим.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„За мене е голема чест да бидам во Улицата на славните. Благодарам за ова големо признание“, изјави Малдини.
„Само да ги видиш неговите испеси ќе се наежиш. Малдини е чест и гордост на целиот италијански спорт“, изјавија од Италијанскиот комитет.
Како што е познато, Малдини има повеќе од 1000 официјални натпревари во дресовите на Милан и Италија. Седум пати го освојуваше Скудетото и дури 5 пати Лигата на шампиони, меѓу другото.