Дома Фудбал Останато „Панчев немаше милост пред голот, беше претешко да се чува“

„Панчев немаше милост пред голот, беше претешко да се чува“

Квалитетот на Дарко Панчев е добро познат, не само кај нас туку и на целиот екс-ју простор.

Панчев беше напаѓач кој имаше гол-инстикт и знаеше да ја материјализира тимската игра. За неговите квалитети за хрватските медиуми сега зборуваше Андреј Пандиќ, поранешен дефанзивец на Динамо Загреб и Хамбургер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да се чува Панчев беше тешко, шеташе цело време, влегуваше во шеснаесениткот и го губиш од вид. Одеднаш го снемуваше и тоа беше неговиот најголем квалитет, немаше милост пред голот. Не се изнаигра кога ја напушти Звезда, меѓутоа да се чува беше претешко“, изјави Пандиќ.

Пандиќ и Панчев беа заедно на Светското првенство во Италија во 1990 година каде што Панчев постигна два гола во победата над ОАЕ (4:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандес ја „запали“ јавноста откако отворено изјави дека би сакал да живее во Шпани…