Легендарниот македонски напаѓач и освојувач на „Златната копачка“, Дарко Панчев призна дека трансферот во Интер бил најголема грешка во неговата кариера.
Панчев како играч на Црвена Звезда беше најдобар стрелец во Европа и имал понуди од многу европски гиганти, а тој избра да се пресели во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојата најголема грешка беше трансферот во Интер. Отидов во тим каде владееше лоша атмосфера, тим кој играше дефанзивен фудбал. Немав поддршка ни од медиумите, на крајот јас испаднав виновник за лошите игри. Мешутоа, грешката беше само моја бидејќи ме бараа Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед, а јас решив да одам во Интер“, изјави Дарко Панчев, кој во 1992 година го облече дресот на „нероаѕурите“.
Панчев како еден од најдобрите напаѓачи во историјата на овие простори, даде свој коментар за ривалитетот помеѓу Меси и Роналдо.
„Роналдо е подобар стрелец, но Меси од друга страна е многу покреативен и има подобро чувство за игра. Мислам дека фудбалот се промени во однос на тоа кога играв јас. Сега напаѓачите се повеќе заштитени бидејќи се промени начинот на игра и полесно е да се даваат голови“, смета Панчев.