Дома Топ вести Паника во Реал, Бејл призна: Сакам да си одам!

Паника во Реал, Бејл призна: Сакам да си одам!

Овој трансфер период сигурно ќе влезе во историјата како еден од највозбудливите, поради историскиот трансфер на Нејмар, но во наредните три седмици можат да се случат уште неколку големи трансфери.

Покрај драмата која моментално се одвива за трансферот на Кутињо во Барселона, од Мадрид пристигнуваат вести за нова трансфер „бомба“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Имено, како што пренесува шпанскиот „Дон Балон“ ѕвездата на Реал, Герет Бејл им се поверил на пријателите и на соиграчите дека е спремен да го напушти „кралскиот“ клуб.

Бејл наводно се допишувал со својот пријател и соиграч Лука Модриќ и му најавил заминување од клубот бидејќи не е задоволен од третманот на Флорентино Перез.

Велшанецот не е задоволен од желбата Перез да го донесе Килијан Мбапе, што би значело дека Бејл ќе го загуби местото во стартниот тим.

Исто така Бејл нема добар однос со Зидан како што имаат Роналдо и Бензема, па верува дека единствено неговото место не е сигурно.

Од ваквата ситуација најмногу може да профитира Манчестер Јунајтед, кој нема да жали пари за да го врати Бејл во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…