Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пандев: Почнавме во грч, како да чекавме да примиме гол за да се опуштиме

Пандев: Почнавме во грч, како да чекавме да примиме гол за да се опуштиме

Македонската репрезентација го запиша вториот пораз на ЕП, против Украина (2:1).

Капитенот Пандев после натпреварот истакна дека на вакви големи натпреварувања не е доволно да се одигра добро само едно полувреме.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„На ЕП не се доволни само добри 45 минути. Почнавме претпазливо, но кога примаш гол од прекин, натпреварот стана многу потежок. Ви вториот дел имавме шанси да израмниме. Жал ми е, мислам дека можевме барем до бод“.

„Се виде дека малку сме во грч, прв пат играме вакви натпревари. Се опуштивме кога примивме гол, како да чекавме тоа да се случи. Самиот пласман овде е големо нешто, важно е што добивме голема поддршка. Против Холандија не треба да се плашиме од пораз, треба да игравме како што знаеме. На полувреме се погладнавме во лице и рековме дека не смееме да играме вака и мора да го покажеме нашиот квалитет“, изјави Пандев.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Привремениот тренер на Лестер: Ван Нистелрој? Мислев вие знаете повеќе…

Привремениот менаџер на Лестер Бен Досон денеска изјави дека не знае ништо за наводното на…