Вчера Џенова го победи СПАЛ со 2:0 и така направи еден чекор напред кон опстанокот во лигата.
Стрелец на првиот гол во овој натпревар беше македонскиот капитен и лидер на Џенова, Горан Пандев. Пандев беше најдобар на теренот и ако Џенова, а во овој период по рестартот на сезоната игра навистина добро и сигурно дека тој ќе биде еден од најзаслужните ако Џенова остане во најсилната конкуренција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Убаво е кога победувате. Важно беше денес да освоиме три бода и успеавме во тоа. Сепак, пред нас има уште работа, не чекаат шест финалиња и се надевам на опстанок затоа што овие навивачите заслужуваат да бидат дел од Серија А.
Пандев сезонава постигна девет голови. Оваа бројка на погодоци во една сезона ја имаше пред 11 години.
„Не се подмладувам, наскоро ќе наполнам 37 години ама секогаш се трудам да го дадам најдоброто и да помогнам на тимот“, истакна Пандев.