Дома Македонски спорт Пандев: Мои желби се Европско првенство со Македонија и опстанок со Џенова

Пандев: Мои желби се Европско првенство со Македонија и опстанок со Џенова

Горан Пандев во едно интервју за италијанските медиуми зборуваше за неговите желби пред завршувањето на кариерата.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација посакува опстанок со Џенова во Серија А и пласман со Македонија на Европското првенство кое ќе се игра во летото кое следи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Играв за големи клубови во Италија и Европа, но луѓето тука на „Луиџи Ферара“ секогаш ви даваат дополнителен мотив за да ги израдувате. Кариерата би сакал да ја завршам во Џенова. Моја желба е да избориме опстанок и секако со Македонија да се пласирам на Европското првенство. Натпреварот со Косово ќе биде еден од најважните натпревари во кариерата. Сепак, во во овој момент сум фокусиран на енова. Навивачите и овој клуб заслужуваат опстанок“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…